Триото од Ливерпул испиша нов рекорд во Лигата на шампионите

by
0 минути читање

Мохамед Салах,
Роберто Фирмино и Садио Мане во досегашните настапи од Лигата на шампионите
сезонава постигнаа 29 погодоци, со што поставија нов рекорд во ова елитно
европско клупско натпреварување. Зад името на Салах и Фирмино стои бројката од
десет постигнати погодоци, Мане постигна девет.

Претходно,
рекордот го имаа поставено триото од Реал Мадрид, Роналдо, Бејл и Бензема кои
во сезоната 2013/14 постигнаа 28 погодоци. Роналдо тогаш постигна 17, Бејл 6,
додека Бензема 5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани