Тригодишна суспензија за Панатенаикос од европските натпреварувања

by
1 минути читање

Информациите кои оваа сезона пристигнуваат од грчкиот фудбал не се розови. Сега на ред е најстариот клуб од Грција, Панатенаикос кој ги живее најтешките моменти.

Грчкиот клуб во декември доби ултиматум од УЕФА да ги плати долговите до 1.март. Откако не успеаја да го направат тоа, сега европската куќа на фудбалот им изрече тригодишна суспензија и казна од 100.000 евра.

Панатенаикос е грчкиот клуб со најголеми успеси во европските натпреварувања. Во 1971 играа во финалето на Европскиот куп, а во 1985 и 1996 беа во полуфиналето на истото натпреварување.

Оваа сезона беа елиминирани во плејоф рундата од Лига Европа. 

Во моментов се на седмата позиција во грчкото првенство и нејасно е како ќе продолжат понатаму со долговите кои од ден на ден стануваат се поголеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани