Големото дерби на Милано
помеѓу Милан и Интер во предвиденото коло од италијанскиот фудбалски шампионат
беше одложено, како и сите други натпревари во неделата во таа фудбалска земја
по веста за смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.
Информациите кои
пристигнуваат од Италија велат дека постојат три можни термини за да се одигра
големото дерби, но истите тие зависат од успесите на Јувентус и Милан во
европските натпреварувањ.
Останатите натпревари
кои беа одложени ќе се одиграат на 3 и 4 април, но Милан ќе има обврски во Лига
Европа, поточно во четвртфиналната рунда на тоа натпреварување таа недела, па
дербито би можело да се одигра на 25 април.
Постои опција истиот меч
да се одигра на 9 мај, но да се презакаже финалето од Копа Италија на 25 мај. Третата
опција е 20 мај.