Тренерот на ПСВ по историскиот дебакл во ЛШ: Беше болно и понижувачки

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Арсенал славеа на гостувањето кај ПСВ со историски 1-7 во осминафиналето на Лигата на шампионите.

По овој дебакл тренерот Питер Бош го анализира одиграното, го призна поразот и нагласи дека можеби мечот можел да има друг тек во две ситуации.

Секако дека морам да се вратам на вистинскиот колосек. Мора да го направиме тоа заедно, да минеме и низ реваншот. Покажавме дека можеме против Јувентус, како и против Феенорд во Купот. На 0-0 погодивме пречка, а вториот момент беше кога тие можеа да добијат втор жолт картон. Беше болно и понижувачки, немавме шанса. Арсенал нè надигра, игравме против екипа која е многу квалитетна, а ние сме во тешка фаза“, изјави Бош.

Холанѓаните веќе се практично елиминирани од ова натпреварување, а реваншот на „Емирати“ е закажан за следната среда во 21:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани