Тренерот на Динамо за шпекулациите за Адеми: Кој пишува тоа? Италијанците? Нека пишуваат што сакаат!

by
1 минути читање

Динамо Загреб ги
обавува предвидените зимски подготовки, а само ден откако го совладаа Партизани
од Тирана, фудбалерите на хрватскиот клуб стигнаа до нова победа, и тоа
минимална од 1-0 против истата екипа.

Ненад Бјелица,
шефот на стручниот штаб на Динамо Загреб, се осврна на шпекулациите кои во
јавноста ги изнесоа дел од италијанските медиуми, дека капитенот на неговиот
состав и македонски репрезентативец, Аријан Адеми би можел да направи трансфер
во Рома или Лацио.

Кој пишува дека
тој ќе си замине, Италијанците? Они можат да пишуваат што сакаат, тешко дека
тој ќе отиде некаде, но, доколку дојде таа неморална понуда, ќе се снајдеме

порача Бјелица.

Извор/Фото-вест: net.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани