212
Баер Леверкузен успеа да
прогресира во Купот на Германија откако синоќа славеше минимално кај Борусија
Менхенгладбах со 0-1.
Во 75. Минута од
средбата, дефанзивецот на домаќините, Денис Закарија тргна да ја земе топката
за да изведе аут, помина покрај Хајко Херлих, шефот на стручниот штаб на
гостите кој падна како покосен по тој „судир“.
Снимките му нанесоа
тежок срам на тренерот на Баер Леверкузен…
„Тоа беше глупаво од
моја страна, би сакал да се извинам во оваа прилика…“ истакна Херлих по
мечот.