68
Алексис Санчез денес го
постигна дебитантскиот гол во дресот на Манчестер јунајтед, и тоа против
Хадерсфилд во победата на Црвените Ѓаволи со 2-0.
На дел од трибинскиот
простор од Олд Трафорд беше истакнат транспарент посветен на Чилеанецот, како „добредојде“,
а на истиот пишуваше следново…
„Добредојде во
Манчестер, Алексис, Атом и Хамбер“, гласеше пораката, а истиот беше тргнат од
стјуардите пред стартот на второто полувреме од мечот.