Трајковски: Очекувам добар натпревар во Ријека, нека победи подобриот

by bojan
1 минути читање
Трајковски

Напаѓачот на Македонија, Александар Трајковски вели дека сите се максимално подготвени за предизвикот со Хрватска, и очекува голема борба на теренот.

Александар Трајковски, слично како и селекторот Боби Милевски, вели дека натпреварот против „коцкестите“ ќе биде одличен тест кој ќе ни покаже на кое ниво сме пред новата сезона во Лигата на нации.

Тој исто така посочи дека повредата на Енис Барди е голем хендикеп, но верува во квалитетот на останатите фудбалери.

„Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември“ – изјави Трајковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани