Тажна вест пристигна од Англија, животот го загуби Харли Пирс, синот на легендарниот англиски фудбалер и поранешен селектор Стјуарт Пирс.
Како што пренесуваат британските медиуми, 21-годишниот Харли трагично загинал по несреќа со трактор на локален пат во близина на семејниот дом во Вилтшир. Според првичните информации, до несреќата дошло кога пукнала гумата на возилото, по што тракторот излетал од коловозот, а младото момче починало од здобиените повреди.
Овој трагичен настан медиумите на Островот ги потсети на 1998 година кога неговиот татко, Стјуарт Пирс, за малку избегна смрт во сообраќајна несреќа, тогаш со автомобил удрил во превртен камион, а возилото останало без кров, а тој за среќа поминал без потешки последици.
Breaking news: Stuart Pearce's son, 21, tragically dies in tractor crash as England icon mourns loss https://t.co/78FjG6rqU6 pic.twitter.com/iUXLOpJ0S4
— Mirror Football (@MirrorFootball) October 20, 2025