Франческо Тоти остави
еден голем позитивен белег во италијанскиот фудбал, најмногу во Рома каде мина
цели 25 години, поточно целата своја кариера ја посвети на клубот од Рим.
Вели дека најважните
зборови по пензионирањето ги добил од своите најблиски, а признава дека бил
уништен од емоции.
„Најважните зборови по
моето пензионирање од фудбалската игра дојдоа од моите најблиски во
семејството, мојата сопруга, родителите…“ рече Тоти.
„Кога ќе ја завршите
кариерата, секогаш сте уништен од емоциите, тешко е да се справите со тоа. Кога
ќе носите еден дрес 25 години, денот кога јас кажав збогум беше тежок, но
среќен сум за тоа што го постигнав во текот на годините“ додаде тој.
Италијанецот издвои дека
никогаш не се чувствувал како ѕвезда, а вели дека да се репрезентира еден ист
тим цела кариера било голема одговорност.
„Не се чувствувам како
ѕвезда, се чувствувам себе си како и сите останати. На теренот секогаш се
обидував да играм во стил во кој ќе се пронајдев себе си, а воедно ќе биде
интересн и за фановите, секогаш давав се’ од себе“ вели Италијанецот.
„Јас сум фудбалер на
Рома, од мојот град, да се репрезентира еден ист тим во текот на целата кариера
е голема одговорност, среќен сум што фановите тоа го почитуваат кај мене“
истакна Тоти.