84
Барнли има фантастичен
старт во Премиерлигата, со 32 бода се наоѓа на седмата позиција на табелата, но денеска немаше сили за изненадување против Тотенхем кој
беше убедлив во победата со 0-3.
Сите три гола за
гостинскиот табор беа дело на напаѓачот Хари Кејн кој имаше блескаво издание.
Тотенхем со 34 бода
заостанува само бод зад Ливерпул, а се наоѓа на петтото место.
Денешните натпревари од
19 коло во Премиерлигата ќе се комплетираат со вечерашната пресметка од 20,45
помеѓу Лестер и Манчестер јунајтед.