Ченк Тосун беше
најавен како големо засилување за
Евертон, а тој дојде во зимскиот преоден рок од редовите на турскиот
првак Бешикташ.
Тосун проработе во
Премиерлигата, па денес постигна два гола во победата на својата екипа на
гостувањето кај Стоук со 1-2.
Евертон прв
поведе со гол во 69. минута, израмни Чупо-Мотинг осум минути потоа, а турскиот
напаѓач со својот втор гол на средбата, овој пат во 84. минута донесе
исклучително важни три бода за Евертон.
Од останатите
натпревари Борнмут славеше на домашен терен против ВБА со 2-1, додека пак
Кристал Палас со 0-2 беше подобар од Хадерсфилд на гостински терен.
Поради
временските неприлики, одложени беа три натпревари денеска во Премиерлигата,
односно Барнли – Челси, Лестер – Арсенал и Свонси – Саутемптон.