Според информациите кои
ги пренесува „Тутоспорт“, се вели дека српскиот стратег од клупата на Торино,
Синиша Михајловиќ е сериозен во намерата да го ангажира полскиот напаѓач Аркадиуш Милик, и
подготвен е на Наполи да му понуди трампа.
Наводно, Торино е
подготвен да го понуди Адем Љајиќ како дел од трампа, а цифри околу оваа понуда
засега не се познати, јасно е дека Торино би требало да доплати околу оваа
понуда.
Љајиќ
влезе во судир со својот сонародник-тренер, а се поизвесно е дека нема да биде
во неговите планови во иднина откако доби критика од него дека бил
недисциплиниран а воедно и исфрлен од протоколот.
Доколку се остварат овие
најави, јасно е дека Торино се откажува од идеите за ангажман на македонскиот
репрезентативец и напаѓач на италијанскиот второлигаш Палермо, шпекулации за
кои веќе подолг период известуваат тамошните медиуми.