Фернандо Торес синоќа ги исплаши фудбалските фанови откако заработи повреда на главата која изгледаше страшно. При еден воздушен дуел доби удар во главата и падна на земјата во безсознание.
Играчите на Атлетико Мадрид во паника веднаш притрчаа и не дозволија Шпанецот да го проголта јазикот, а набрзо дотрчаа и лекарските екипи.
Торес е добар и преку својот твитер профил им се заблагодари на сите кои се загрижија за неговата состојба, а ги имаше многу.
„Голема благодарност до сите вас кои се загриживте за мене и за вашите пораки со орхабрување. Беше само страшно. Се надевам дека ќе се вратам многу наскоро!“ – напиша Торес на својот твитер профил.
Тој во болницата ќе остане 24 часа по што ќе биде префрлен во Мадрид каде ќе продолжи со опоравувањето.