Тонали и Гимараеш го решија Челси, Њукасл се приближи кон ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Њукасл се радуваа на победа од 2-0 (1-0) против Челси во 36. коло на Премиер лигата.

Со овој триумф избраниците на Еди Хау направија исчекор и се приближија до Лигата на шампионите, иако има уште две кола до крајот. Сега Њукасл има по три бода повеќе од Челси и Астон Вила, а еден од Манчестер Сити.

Резултатот на „Сент Џејмс Парк“ го отвори Сандро Тонали со гол уште во втората минута од средбата по асистенција на Марфи (1-0). Клучен момент на средбата беше исклучувањето на Николас Џексон кој во 36. минута доби директен црвен картон поради удар со лакт.

Во вториот дел „сините“ немаа сили за кам-бек, а во судиското продолжение точка на победата стави Бруно Гимараеш со голот за конечните 2-0.

Фото: Newcastle United/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани