Карим Бензема му
донесе пресврт на Реал Мадрид во реванш дуелот против Баерн Минхен, откако во
првото полувреме по само осум минути од водството на гостите израмни на 1-1,
францускиот напаѓач по неполна минута игра во вториот дел му донесе предност на
својот тим од 2-1.
Голот дојде по една грешка на Толисо, кој инаку игра на местото на повредениот Мартинез, тој сакаше да врати до голманот, и тоа во една мошне опасна зона каде во близина беше неговиот сонародник Бензема, но Улрих се надоврза на неговата грешка, имаше аматерска реакција, и му овозможи на Бензема да донесе гол, кој можеби значи и финале.
Реал Мадрид веќе
е со една нога во големото финале од Лигата на шампионите, откако на првиот меч
во Минхен славеше со 1-2.
Сепак, вреди и да
го споменеме оној спорен момент кога турскиот арбитар не досуди пенал за
гостинскиот табор откако Марсело играше со рака во казнениот простор на
домаќините, оваа ситуација погледнете ја – ТУКА.