Тоа што го направи Монреал за време на пеналот на Велбек, го направи речиси секој навивач на Арсенал (ФОТО)

by
1 минути читање

Милан имаше
водство на гостувањето кај Арсенал и беше на добар пат и да се израмни со
својот ривал во осминафиналето од Лига Европа по домашниот пораз од 0-2, но
една неверојатна грешка на судиите донесе израмнување за Арсенал.

Напаѓачот на
Арсенал, Дани Велбек одглуми прекршок врз него во казнениот простор на
италијанскиот тим, па иако немаше никаков контакт од страна на Родригез врз
него, доби удар од белата точка, а сево ова се случуваше пред очите на петтиот
судија (ВИДЕО – ТУКА).

Домаќините не го
испочитуваа непишаното фудбалско правило да фудбалерот врз кого е направен
прекршокот за пенал да не го изведува ударот од белата точка, па токму Велбек
беше тој кој ја презеде одговорноста, и на крајот погоди за 1-1.

Начо Монреал во
позадина можеше да се забележи дека не ни сака да го проследи изведувањето на
пеналот од страна на неговиот соиграч, па многумина на социјалните мрежи се
пошегуваа дека тоа што го направи Шпанецот, го направиле речиси сите фанови на
Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани