Конзистентноста е
главен проблем на Ливерпул, и тоа е причината зошто тимот од Енфилд е далеку од
битката за врвот.
Откако во
минатото коло му го нанесоа првиот пораз во сезоната на Манчестер Сити,
избраниците на Јирген Клоп вечерва загубија на гостувањето кај фенерџијата
Свонси.
Ливерпул го имаше
поседот на топката, креираше шанси, но потфрли во најважниот статистчки
показател, односно головите.
„Црвените“ никако
не успеваа да го најдат патот до мрежата на Фабиански, а домаќините ја
искористија единствената шанса која им се укажа и си стигнаа до три големи бода во битката за опстанок.
Клучниот момент
на средбата се случи во 40. минута. 75 милиони фунти вредното засилување на
одбраната, Ван Дајк лошо расчисти по еден корнер и му овозможи на Моусон да
погоди за 1-0.
На крајот и
среќата им го сврте грбот на „Црвените“ откако во 94. минута Фирмино ја затресе
стативата.