Тиквеш ги претстави новите дресови за сезоната 2026/27, со кои кавадаречкиот прволигаш ќе настапува во претстојниот шампионат.
Новата гарнитура е изработена од „Хумел“, а од клубот истакнуваат дека дизајнот претставува комбинација од традицијата и современиот стил, инспирирана од историјата на Тиквеш која започнува во 1930 година.
„Богатото наследство на Кавадарци се оживува под светлата на новата сезона. Дресовите за сезоната 2026/2027 не се само сезонски производ, туку модерна интерпретација на културата на клубот, која се протега од 1930 година до денес. Нова сезона. Нов изглед. Иста верба“, соопштија од Тиквеш.
Кавадаречкиот клуб е активен и на трансфер пазарот ова лето, а во новата сезона ќе влезе со нов тренер, откако кормилото го презеде Оливер Богатинов.