Европската куќа
на фудбалот од списокот на украински Шахтaр за продолжението на Лигата на
шампионите го тргна Дарио Срна, во кого беше пронајдена недозволива супстанца.
Се уште е
неизвесен исходот околу случајот со Хрватот за кого се’ ќе се знае на 22 март
кога антидопинг центарот ќе објави што е пронајдено во неговиот примерот, а
доколку истиот е позитивен, тогаш казната е четири години.
„Ова е една битка
која морам да ја добијам, така и ќе биде. Доколку можев да го испратам својот
татко, и да играм на Европското првенство без ниту една таблета, тогаш нема
никаква логика да направам такво нешто, со тоа јас сум чист, ќе го докажам тоа
и ќе се вратам на терените“ најави Срна неодамна.
Инаку, Шахтар во
осминафиналето од елитното европско клупско натпреварување ќе има двомеч
пресметка со Рома.