Напаѓачот, кој
неодамна се врати во Бока Јуниорс по неславната но прилично лукративна авантура во Кина, е во центарот на вниманието на
аргентинските медиуми. Карлос Тевез е надвор од стројот, и привичните
информации велеле дека тој се повредил играјќи голф.
Но се поголем
број на медиуми пишуваат дека причината е сосема поразлична, популарниот „Апаче“ се
повредил играјќи фудбал со брат му во затвор!
Имено,
полу-братот на славиот фудбалер отслужува казна од 16 години поради обид за
вооружен грабеж, па Карлос Тевез пред неколку дена го посетил Хуан Алберто Мартинез
во затворот во Кордоба.
Оваа прилика ја
искористил и за партија фудбал со затворенеците, кои не го штеделе легендарниот
фудбалер и му нанеле повреда. Се говори дека Карлос Тевез би можел да паузира и
до еден месец, а за проблемите да бидат поголеми за Бока Јуниорс, друштво на голгетерот
му правел и Рамон Абила попознат како Ванчоп, кој исто така заработил повреда
од острите стартови на затворениците.