Да се работи со
Жозе Мурињо не е лесно, барем така смета Немања Матиќ кој одлично ги одработува
своите задачи на натпреварите во дресот на Манчестер јунајтед, а од тоа се чини
дека одлично се слага со идеите и принципите на португалскиот стратег, но, тоа
е сепак голема одговорност.
„Премногу е тешко
да се работи со него, бидејќи тој постојано сака повеќе и повеќе. Дури и
доколку ја освоите лигата, тој ќе сака истиот успех да го повторите идната
сезона, тој е таков, а фудбалерите кои прифаќаат да играат под негови команди
тогаш мораат да бидат подготвени на тоа“ рече Матиќ.
„Тој е специјален
бидејќи сака да победува секогаш. Можете и самите да видите каков е кога ќе
загуби натпревар, едноставно не сака да се помири со тоа, можеби и затоа освоил
повеќе од 20 трофеи во неговата кариера“ додаде српскиот интернационалец.