Тешка повреда на Кошчиелни која го загрижи и Гризман (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Светското
првенство во Русија е се

поблиску, а Франција остана без Лоран Кошчиелни, капитенот на Арсенал кој
синоќа се повреди при дуелот со Атлетико Мадрид во реванш пресметката од
полуфиналето во Лига Европа, каде неговиот тим забележа елиминација.

Убав гест имаше
напаѓачот на домаќините Диего Коста кој веднаш штом го здогледа својот
противник со болни гримаси на теренот побара од своите соиграчи да ја стопираат
акцијата, а Гризман беше доста загрижен за својот сонародник кој сигурно ќе го
пропушти Мундијалот во Русија идниот месец.

Коста му упатуваше поддршка на дефанзивецот на Арсенал додека траеше третманот од лекарските екипи.

Голема разочараност на лицето на Гризман во моментите кога Кошчиелни излегуваше од теренот на носилка…

Кошчиелни на патерици ја напушти арената во Мадрид…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани