Тешки обвинувања за УЕФА: Намерно ставија германски судии, не сакаа Атлетико да игра финале!

by Стефан
1 минути читање

По елиминацијата на Атлетико Мадрид од Арсенал во полуфиналето од Лига на шампионите, со реакција се огласи и градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинес-Алмеида, познат како голем симпатизер на клубот.

Во изјава за медиумите, тој директно ја обвини УЕФА и судиите дека влијаеле врз исходот и го спречиле Атлетико да стигне до финалето.

„Кога дознав дека ќе играме против Арсенал, бев уверен во победа, но очигледно погрешив. Освен противникот, игравме и против УЕФА, која јасно покажа дека не сака Атлетико Мадрид во финалето“, изјави Алмеида.

Тој изрази сомнеж и за изборот на судијата, потенцирајќи дека не е случајно што бил делегиран Германец, имајќи предвид дека Шпанија и Германија се во трка за петтото место кое води во Лигата на шампионите.

„Нејасно е како може да се назначи германски судија, и како главен и како ВАР, во ваква ситуација. Вчерашните спорни моменти не се резултат на слаб судија, туку, според мене, на однапред донесена одлука на штета на Атлетико“, додаде тој.

Алмеида се осврна и на конкретни детали од натпреварот, како дуелот меѓу Рикардо Калафиори и Џулијано Симеоне, за кој смета дека требало да биде досуден пенал.

„Чудно е што не беше прикажана ниту една снимка за наводниот офсајд на Симеоне, кога стануваше збор за чист пенал. Подоцна на социјалните мрежи се појавија докази дека немало офсајд. На натпревар со толку камери, зошто продукцијата не ја покажа ситуацијата? Очигледно затоа што не им одговараше вистината“, порача Алмеида.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×