Германецот не го памети по добро последното гостување на „Каталонците“ на Олимпико, во групната фаза од Лигата на шамионите во сезоната 2015/16, Флоренци постигна гол за најавните шпици и ја затресе мрежата на Барса од половина терен.
Фудбалерот на Рома забележа дека Тер Штеген е малку подизлезен и со прецизен удар го лобуваше за 1-1. За овој гол паднаа многу шеги на сметка на голманот, па на денешната прес конференција беше неизбежно прашањето како овој погодок влијаел врз репрезентативецот на „Панцирите“.
„Погодокот на Флоренци воопшто не ме промени. Ме направи посилен поради сите оние работи кои беа кажани, но не ме промени. Знам што треба да правам, и вакви погодоци не се случуваат често. Во другите 50 случаи кога сум поблиску до одбрата помагам да се спречи нападот на противникот“ – вели Тер Штеген.