Марк Андре тер
Штеген, чуварот на мрежата од голот на каталонскиот гигант Барселона, вели дека
не е убаво да биде споредуван со поранешниот голман на тој клуб, Виктор Валдес.
„Се почесто
слушам дека луѓето ме споредуваат со Валдез, сите знаеме каков белег тој остави
на Камп Ноу. Сепак, јас сум Тер Штеген и не сум Виктор Валдес, ниту пак сакам
да бидам како него. Сакам да изградам свој статус во клубот, а воедно и
сопствен имиџ. Мислам дека јас и тој немаме ист стил на бранење на голот. Доколку
би се споредувал со некого, тогаш, тоа би било со Оливер Кан, јас и тој по
менталитетот сме многу слични“ рече Тер Штеген.
Германецот во
Барселона е веќе три сезони, а на Камп Ноу дојде од редовите на Борусија
Менхенгладбах.