Тензија во Челси, Сари во војна со Марина поради Игуаин?!

by
1 минути читање

Уште кога
пристигна потврдата дека Маурицио Сари ќе го наследи Антонио Конте на Стемфорд
Бриџ, медиумите шпекулираа дека стратегот сака со себе на „островото“ да го
однесе Гонзало Игуаин.

Ваквата зделка сепак не се реализираше во летниот преоден рок, и Аргентинецот
се пресели во редовите на Милан. Но откако Мората не докажа дека може да го
предводи нападот на Челси, одново се вратија гласините за трансфер на „Пипита“.

Шпанска Марка синоќа
пренесе дека „сините“ си подале рака со голгетерот и сега само останува да се
пронајде заеднчки јазик со Јувентус и Милан. Одредени извори сметаат дека Гонзало
Игуаин до крајот на неделава би можел да стане нов играч на Челси, но медиумите
од Италија не се вакви оптимисти и пишуваат за тензија на Стемфорд Бриџ.

Според
„Калчомеркато“, Маурицио Сари очајно посакува да го види Гонзало Игуаин во
својот тим, но Марина Грановскаја во моментов го блокира трансферот. Директорката, која е десна рака на Рамон Абрамович, и практично управува со
сите зделки, не сака да потроши 50 милиони евра за играч кој има наполнето 31
година.

Сари и Марина
очигледно не се на иста бранова должина, и тоа по втор пат за кратко време. На
стартот од 2019, Челси соопшти дека е ангажиран талентираниот Кристијан
Пулишиќ од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра, а Сари ден потоа изјави дека
не знаел ништо за трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани