Тензии на релација Јувентус-Дибала, тајното патување на братот на напаѓачот ги налути лидерите на клубот

by
1 минути читање

Аргентинецот одлично ја започна сезоната, па почнаа да пристигнуваат спореди со Лео Меси. Но потоа следуваше пад во формата, за Масимо Алегри сега да го седна Пауло Дибала на клупа.

Но според денешното издание на Кориере дела Сера, проблемот е многу подлабок и тензиите на реалција Јувентус-Дибала се поради братот на напаѓачот.

Имено, оваа година Пауло Дибала се раздели со агентот Пјерпаоло Триулци и кариера му ја довери на својот брат Мариано.

„Старата Дама“ сега е иритирана од однесувањето на Марино, кој наводно на заинтересираните клубови им порачувал дека ќе има трансфер „кога и како јас сакам“.

Тензиите настанале и поради тоа што Мариано веќе разговарал со Барселона и Манчестер Сити а имал и тајна средба во Париз со лидерите на ПСЖ, по која му кажал на својот брат дека Нејмар ќе се пресели во Реал Мадрид а тој ќе може да го пололни испразнетото место на Паркот на Принцовите. Весникот вели дека лидерите на Јувентус за ова патување дознале од постовите на социјалните мрежи на девојката на Мариано.

Шампионот на Италија и Пауло Дибала подолго време разговараат за продолжување на соработката и нов побогат договор, но според Кориере дела Сера, преговорите тапкаат во место. Клубот се обидел да ги намали недоразбирањата со Аргентинецот преку Клаудио Маркисио, но наместо тоа, разликите станале уште поголеми.

Кориере дела Сера исто така пишува дека неколку агенти, помеѓу кои и контроверзниот Мино Рајола, се заинтересирани да го застапуваат Пауло Дибала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани