Украина со победа од 1-0 над Унгарија го отвори натпреварувањето во Лигата на нации, но дуелот во Будимпешта остана во сенка на инцидентот во самиот финиш.
Во судиското продолжение дојде до вистински хаос на теренот. Украинскиот репрезентативец Александар Назаренко направи остар прекршок над противнички фудбалер, по што заработи втор жолт картон и беше исклучен. Реакцијата на играчите на двете селекции беше бурна, па за кратко време настана масовна пресметка меѓу фудбалерите.
По смирувањето на страстите, австралискиот судија Џаред Џилет продолжи со делење картони поради неспортско однесување. Жолти картони добија капитенот на Унгарија и фудбалер на Ливерпул, Доминик Собослаи, неговиот соиграч Милош Керкез, како и украинските репрезентативци Микола Матвиенко и Виктор Циганков.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Даниел Сикан во финишот на првото полувреме, што на крајот се покажа доволно за победа на Украина од 1-0
Here’s a close of the scrap between Hungary and Ukraine players at the end of the game 🥊👜 📹: Vzbirna https://t.co/X0RYKoIVgI
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) September 25, 2026