98
Веќе седма сезона
Серхио Агуеро е во тимот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити каде премина
од редовите на Атлетико Мадрид, а се шпекулира дека оваа сезона ќе биде негова
последна, или пак претпоследна, во дресот на тимот од Итихад арената.
Барселона се
споменува како следна дестинација за 29 годишниот аргентински напаѓач, а за тоа
какви се шансите да се оствари тоа, проговори и неговиот татко, Леонел дел
Кастиљо.
„Можно е, идната
година многу фудбалери можат да ги сменат своите клубови“ рече тој, а вреди да
се издвои дека договорот на офанзивецот на Сити истекува во 2020. година.