И покрај слабата форма, Реал Мадрид не планира лесно да се откажува од своите фудбалери и поставува високи цени за сите заинтересирани клубови.
Најдобар пример е младиот напаѓач Гонзало Гарсија, за кого „кралевите“ бараат дури 60 милиони евра. Доколку трансферот се реализира, тој би станал втор најскап производ на академијата, веднаш зад Алваро Мората.
Интерес за Гарсија има од Италија, а најконкретна е германска Борусија Дортмунд, предводена од Нико Ковач, која нуди околу 30 милиони евра. Сепак, тоа е двојно помалку од сумата што ја бара Реал.
Гарсија сезонава одигра 34 натпревари и постигна 6 гола, најчесто добивајќи ограничена минутажа и играјќи надвор од својата природна позиција. И покрај тоа, во Мадрид веруваат во неговиот потенцијал и не планираат попусти.