128
Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме ТВ преноси какви што досега немало.
Според новиот договор кој Премиер лигата го потпиша за ТВ правата во август вреден осум милиони евра ќе се воведат новитети кои се користат во американските спортови.
Од идната сезона во Премиер лигата ќе имаме прилика да го слушнеме тренерот или помошникот тренер за време на полувремето од натпреварот, но и изјави од играчите кои се заменети. Исто така ќе се објавуваат и видео снимки од соблекувалната.
Секој клуб во секој натпревар ќе биде задолжен да избере еден од овие три новитети.