Супербоул инспирација за Лучијано Спалети

by
1 минути читање

Рома игра одлична сезона, синоќа ја победи Фиорентина со убедливи 4-0 и во моментов е на второто место на табелата со четири бода зад Јувентус кој има и натпревар помалку.

Но, по Супербоул мечот во кој Њу Ингланд Патриотс со неверојатен пресврт ја победија Атланта Фалконс со 34:28, Спалети има верба во чуда.

„Имаме одлична сезона, исто како и Јувентус и Наполи“ – вели Спалети.

„Наша должност е да веруваме до крајот, има многу натпревари на кои можат да бидат направени изненадувања“.

„Видете што се случи на Супербоул мечот, треба да веруваме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани