Јирген Клоп
остана без својот „мозок“ во стручниот штаб на Ливерпул, барем така германскиот
стратег го нарекува Жељко Бувач, постојат повеќе теории за тоа зошто тој го напушти својот долгогодишен соработник со кого заедно соработува
од 2001. година.
Една од теориите
за која говори германскиот експерт Хонингштајн, човекот кој напиша книга за
Клоп, е тоа дека во прашање е темпераметноста на обајцата, тој тврди дека Бувач
импулсивно ја донел одлуката.
„И претходно
имало судири помеѓу нив двајца, тие се обајцата темпераментни, но се пријатели
и секогаш ги решавале проблемите. Не знам која е причината поради која сега
Бувач ја напушти позицијата, но нема сомнение во тоа дека одлуката ја донел
импулсивно. Ќе видиме што ќе се случи и дали ќе има помирување. Ако дојде до
тоа, сигурно ќе следи на крајот од сезоната, Клоп нема време за да го реши овој
проблем во моментов“ тврди Хонингштајн.
Напуштањето на
Бувач доаѓа во доста незгоден момент за Ливерпул кој се уште нема загарантирано
место во топ четирите екипи во Премиерлигата за актуелнава сезона, односно
место во Лигата на шампионите за следната сезона, а пак во Лигата на шампионите
во полуфиналето тимот од Енфилд во среда игра реванш во Рим против Рома, откако
на домашен терен славеше со 5-2.