Дени Ингс го
прекина долгиот пост за Ливерпул, но за тоа требаше да се помачи откако
постигна гол во ремито на Ливерпул на гостувањето кај ВБА со 2-2, а притоа
имаше и еден незгоден момент.
Во една ситуација
од средбата Египјанецот Ахмед Хегази при дуел со Ингс го повлече за дресот
фудбалерот на Ливерпул, по што и обајцата паднаа на
теренот, но, при падот Хегази го удри својот противник силно во телото, а ова не
само што мина незабележано од главниот арбитар Стјуарт Атвел, туку ВБА доби и
прекршок во оваа ситуација.
ФА дефинитивно ќе
го разгледа овој доста контроверзен момент од средбата а се очекува и голема
казна за египетскиот фудбалер.
Incoming retro ban for Hegazi pic.twitter.com/U5ptoQiq20
— Simon Cook (P) (@scook9914) April 21, 2018