97
Келн успеа да го договори централниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ на позајмица до крајот на сезоната.
„Среќни сме што ќе го имаме Невен тука. Тој беше многу значаен играч за успесите на Борусија Дортмунд. Доаѓа по тежок период за него, но тоа ни дава шанса да работиме со него. Уверени сме дека Невен Суботиќ ќе биде важен фудбалер за нас во следните шест месеци“ – вели тренерот Петер Штогер.
Задоволен од трансферот е и самиот Суботиќ.
„Тука сум со насмевка на моето лице и возбуден сум за овој предизвик во новиот клуб. Од денеска мојот фокус 100% е насочен кон Келн. Сакам пак да играм во Бундеслигата, и тоа ме мотивира“ – вели Суботиќ.