Нов пораз за Димитриевски и Валенсија, Сосиедад си замина со три бода од Местаља!

by riste
1 минути читање

Валенсија со 2-3 беше поразена од Реал Сосиедад, натпреварот имаше исклучително возбудлив финиш кој им припадна на гостите.

Сосиедад поведе со гол на Сучиќ во 26. минута, супер погодок кој беше единствен во првиот дел.

Во 57. минута Мајол, исто така со убав погодок го изедначи резултатот на 1-1.

На 15 минути до крајот на мечот беше досуден пенал за Реал Сосиедад кој го реализираше Солер и ја врати предноста на својот тим од 2-1.

Валенсија дојде до ново изедначување, Беитиа си постигна автогол во 84. минута за 2-2.

Во првата минута од судиското продолжение Баранечеа ја „скина“ мрежата на Димитриевски за победа на Реал Сосиедад од 3-2.

Валенсија имаше една голема шанса за да се спаси од пораз, но не успеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×