Суарез постигна гол во ремито против Атлетико Мадрид од полуфиналето на Купот на Шпанија, мечот заврши 1-1, а погодокот на Уругваецот се покажа како клучен за пласман во финалето на Барселона.
Но, за прв пат во три години како играч на Барселона, Суарез беше исклучен од игра. Тој имаше жолт картон, а во 90. минута поради удар со лакт над Коке го заработи и вториот и му беше покажан патот кон соблекувалната.
Суарез е разочаран бидејќи ако не му помине жалбата тој нема да биде дел од финалето. Смета дека ударот со лакт воопшто не бил ни фаул.
„Смешно ми е, бидејќи изгледаше како судијата да сака да ме исклучи“ – изјави Суарез по мечот.
„Треба да видиме дали може да се жалиме на вториот жолт картон, бидејќи тоа не беше ниту фаул, но веќе знаеме како одат работите“.
„Затоа сум толку лут, бидејќи добив црвен картон за ништо. Првиот жолт ми беше даден по првиот фаул кој го направив на мечот, но тоа е“.
И тренерот Луис Енрике најави жалба, но не е оптимист дека ќе им помине.
„Треба да се жалите секогаш кога мислите дека има неправда, но може давидите како обично поминуваат тие жалби“ – вели Луис Енрике.