Студиото на Еуроспорт повторно „нападнато“, овој пат во прославата на Остерсундс (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шведски Остерсундс
заедно со нашиот Вардар беа едни од екипите кои добија статус на најголеми
аутсајдери во новата сезона од Лига Европа, но, Остерсундс целосно ги надмина
очекувањата и воедно е најпријатното изненадување по одигрувањето на петтото,
претпоследно коло од групната фаза.

Синоќа на домашен терен
Остерсундс со 2-0 беше подобар од украинска Зорја па со 10 бода во групата „Ј“
моментално е на првото место и обезбеди место во нокаут фазата. Во својата
конкуренција за ривали ги имаше Атлетик Билбао, Зорја и Херта.

Студиото
на Еуроспорт претходно настрада од шведската репрезентација по пласманот на
Мундијалот во Русија идната година, овој пат, тоа беше „мета“ за место за
прослава токму од фудбалерите на Остерсундс…

A post shared by Karin Frick (@frickkarin) on

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани