653
Тренерот Ќатип Османи си поднесе оставка од тренерската позиција на Струга по денешниот пораз од Вардар.
Струга денеска на домашен терен загуби од Вардар со 2-0, со овој пораз актуелниот шампион се збогува со шансите за одбрана на титулата.
По ваквиот расплет следуваше и разделба на Струга со тренерот Ќатип Османи.
„Струга изразува благодарност до Османи за неговата професионалност во времето поминато заедно и му посакуваме среќа во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Струга.
Османи ја предводеше Струга на 26 натпревари во кои оствари 12 победи, 5 нерешени натпревари и девет порази.