32 годишниот Шпанец
нема настап од октомври кога заработи повреда на скочниот зглоб.
Откако првичниот
третман не вроди со плод, Санти Казорла во декември беше опериран и тогаш
прогнозите велеа дека играчот ќе се врати на терените за три месеци.
Но опоравувањето
не одеше според планот, и последните информации од „Островото“ велат дека играчот
ја обновил повредата и за него сезоната е завршена.
Некои медиуми
пишуваат дека Санти Казорла сега го чека долг процес на рехабилитација и целта е да биде фит за следната сезона.
Шпанецот е клучна
алка во средниот ред на Арсенал, особено кога е во прашање креативноста.
„Топчиите“ со него во тимот победиле на 65,3%
од натпреварите во Премиерлигата, додека без него тој процент е далеку помал и
изнесува 47,3%.