Сите веруваа дека
Алексис Санчез овој месец ќе се пресели во Манчестер Сити, но „Граѓаните“
решија да се откажат поради високата сума потребна за реализирање на зделката.
Челси се приклучи
во трката за потписот на играчот, но ниту „Сините“ не се подготвени толку
длабоко да бркат во џебот.
Арсенал ќе го
продаде Алексис Санчез за 35 милиони фунти, но целиот трансфер станува многу
поскап поради барањата на самиот играч.
Чилеанецот бара
да стана најплатен фудбалер на „Островото“, односно неделни примања од околу
400.000 фунти. Алексис Санчез бара и премија од 20 милиони фунти кога
ќе удри потпис на договорот. Неговиот агент исто така бара провизија од 10
милиони фунти.
Па доколку во
предвид не се земе платата од преку 20 милиони фунти на играчот, Манчестер
јунајтед ќе треба да искешира 65 милиони фунти за да го добие популарниот „Ел
нињо маравиља“. Сумата е прилично
висока бидејќи Алексис Санчез има само уште шест месеци од договорот, и ќе биде
слободен играч веќе во јули.
„Црвените ѓаволи“
исто така би можеле да имаат дополнителен трошок кој е индиректно поврзан со
Чилеанецот. Како дел од оваа зделка, Арсенал треба да го добие Хенрих Мхитарјан, но
„Топчиите“ немаат намера на Ерменецот да му ја понудат платата од 200.000 фунти
која тој во моментов ја заработува на Олд Трафорд.
Па Манчестер
јунајтед ќе треба на Мики да му ја доплати разликата со цел Алексис Санчез да
стане „ѓавол“.