Статуата на Меси во Буенос Аирес повторно уништена (ФОТО)

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Барселона, Аргентинецот Лионел Меси има доста фанови во својата родна земја, но не баш сите го сакаат еден од најдобрите фудбалери на светот.

Веќе втор пат оваа
година, непознати напаѓачи ја срушија статуата посветена на Меси во еден од
најдобрите делови на Буенос Аирес. Првиот пат статуата беше обезглавена, овој
пат на истата и беа исечени нозете и на крајот оставена на земјата.

Инаку, статуата на Меси
е поставена во редот со големите спортски легенди на Аргентина како што се
Габриело Сабатини, Гилјермо Вилјаш, Ману Џинобили и Хуан Мануел Фанџо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани