Стара мака за Барса, Флик се жалеше за теренот на „Метрополитано“ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик се пожали кај делегатот од УЕФА за состојбата на теренот на „Метрополитано“ пред реваншот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Ривалите секогаш имаат тактики како да ја спречат Барселона да го наметне својот стил на игра, а еден од нив е состојбата на теренот.

Па на денешниот тренинг на „каталонците“ не „Метрополитано“, тренерот Ханси Флик правеше инспекција, се наведнуваше, ја допираше тревата, ја проверуваше и очигледно не беше задоволен, па се пожали до делегатот на УЕФА.

Повисоката трева ја забавува топката, а ова не и одговара на Барселона и е стара мака, во минатото во неколку наврати беше кренато врева по ова прашање.

Наводнувањето и количината на вода е втората „финта“, топката се движи побрзо на влажна трева, што и одговара на Барселона, па обично противниците ја оставаат тревата што е можно посува, односно гледаат само да го задоволат минимумот од УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×