Српски судија ќе го суди финалето од Лигата на шампионите

by
0 минути читање

УЕФА одлучи Мажиќ да ја дели правдата на мечот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Асистенти ќе му бидат Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ, судии зад голот се Ненад Ѓокиќ и Данило Груќи, а четврти судија, Клемен Турпан од Франција.

Ова финале ќе биде најголемиот меч во судиската кариера за Мажиќ, претходно го судеше Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Севиља како и финалето на Купот на конфедерациите меѓу Германија и Чиле.

Финалето од Лигата на шампионите се игра на 26. мај во Киев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани