Срна се раздели од Шахтер после цели 15 години, Хрватот потпиша за ПАОК

by
1 минути читање

Дарио Срна по
цели 15 години ја завршува својата и повеќе од успешна приказна со украинскиот
гигант Шахтер, а хрватскиот капитен премина во редовите на грчкиот прволигаш
ПАОК, за ова стигна и потврда од страна на спортскиот директор Лубош Михел.

Долгогодишниот
капитен на Шахтер во 36. година потпиша договор на една сезона со ПАОК во која
ќе заработи половина милион евра.

Ќе издвоиме дека
Срна моментално се наоѓа под 11 месечна суспензија поради користење на
недозволиви средства, но, од 22 август повторно ќе може да се врати на терените
и да игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани