Срцето на Астори престанало да чука, причината ќе биде позната за 60 дена

by
1 минути читање

Обдукцијата ги
потврди првичните сомнежи, Давиде Астори починал од срцев удар. Попладнево врз
играчот беше извршена обдукција, резултатите се уште официјално не се
соопштени, но медиумите од Италија веќе ги пренесоа.

Истрагата
покажала дека пулсот на Давиде Астори прогресивно се намалувал се додека срцето
не престанало да чука. Причината за ова ќе биде позната за 60 дена, кога ќе
пристигнат резултатите од деталните тестови.

Неговото тело сега ќе
биде предадено на семејството и ќе почнат подготовките за погребот кој ќе се
одржи во четврток во Базиликата Санта Кроче во Фиренца.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани