Срамно: Фудбалер на Баерн турна детенце кое собираше топки (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Хрватскиот дефанзивец Јосип Станишиќ имаше дуел со детенце кое собираше топки во натпреварот помеѓу Интер и Баерн Минхен од четвртфиналето во ЛШ.

Интер успеа да се пласира во полуфиналето откако победи во првиот натпревар и ремизираше во реваншот.

Во вториот натпревар на „Џузепе Меаца“, Станишиќ во обид побрзо да дојде до топката го турна детенцето покрај аутл инијата.

За ваквиот потег фудбалерот на Баерн Минхен доби критики од јавноста, а по натпреварот се извини.

„Секоја екипа во светот сака да задржува време кога води. Беше малку глупаво од моја страна што го турнав, се извинувам“, изјави Хрватот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани