Спортинг го суспендираше Ристовски и уште 18 други играчи: Тие разгалени деца мислат…

by
1 минути читање

По поразот на Ванда Метрополитано од 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лига Европа против Атлетико Мадрид, претседателот на Спортинг преку Фејсбук упати критики за изаданието на неговите играчи.

Како одговор на ова, фудбалерите вчера решија да штрајкуваат и одбија да тренираат доколку претседателот не дојде да им даде објаснување и да имаат искрена дискусија очи во очи. Откако првиот човек на клубот не се појави, фудбалерите испратија заедничко соопштение на Инстаграм.

На Бруно де Карваљо не му се допадна ова, па тој суспендираше 19 фудбалери, помеѓу кои и нашиот Стефан Ристовски.

„Овие разгалени деца не почитуваат ништо и никого и мислат дека се над другите. Повеќе немам трпение за оние кои мислат дека се поголеми од клубот и критиките, тие веднаш се суспендирани и ќе се соочат со дисциплинска постапка“ – гласеше дел од новиот пост на Фејсбук, кој можеа да го видат само неговите пријатели и беше тргнат за кратко време.

Покрај Стефан Ристовски, суспендирани се уште и Руи Патрисио, Вилијам Карваљо, Бруно Фернандеш, Батаља, Пичини, Паљиња, Коатес, Акуња, Желсон, Поденсе, Бруно Сесар, Монтеро, Брајан Руиз, Рубен Рибеиро, Рафаел Леао, Думбија, Вендел и Коентрао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани