Спонзорот на Барселона влегува и во Рома

by
1 минути читање

Рома во наредните
три сезони на своите дресови ќе го носи името на спонзорот „
Qatar
Airways“, а од договорената
соработка со таа компанија тимот од Рим ќе ја збогати клупската каса за
дополнителни 40 милиони евра.

Истовремено,
италијанскиот тим договори и тригодишна соработка со автомобилската компанија „
Hyundai“, од која фудбалерите на Рома ќе добијат
и автомобили, а од оваа соработка пак, во клупската каса ќе се слеат
дополнителни 10 милиони евра.

Што се однесува пак до „Qatar Airways“, таа компанија беше спонзор на Барселона се’ до 2017. година, од тогаш, па наваму јапонската компанија „Rakuten“ стои на дресовите на каталонскиот гигант, а интересно е тоа што „Qatar Airways“ се префрли на тимот кој ја елиминираше Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани